Хроника Едно лице загина во сообраќајна несреќа на патот Куманово – Пчиња

Едно лице загина во сообраќајна несреќа на патот Куманово – Пчиња

Во сообраќајна несреќа што се случи на регионалниот пат Куманово – Пчиња, загина едно лице, а уште едно е потешко повредено.

Сообраќајната несреќа се случи вчера, а како што соопшти МВР, џип „санг јонг“ со кумановски регистарски ознаки управувано од С.Н. (20) од селото Пчиња, од засега непознати причини, излетало од патот.

Од повредите при несреќата, сопатникот во возилото, Милко И. (28) од селото Пчиња, починал на местото на несреќата. С.Н. добил тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар Куманово.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од СВР-Куманово.