Свет Европа Повеќе загинати и повредени во пукање во Минхен

Повеќе загинати и повредени во пукање во Минхен

Во трговски центар во Минхен се слушаат истрели од огнено оружје, а полицијата се наоѓа на местото на настанот. Едно лице е загинато, а десетина се повредени, јавува новинската агенција „Франс прес“, повикувајќи се на извори од полицијата.

Деталите од инцидентот сè уште не се познати, но странските медиуми пренесуваат дека полициската акција е во тек, а дека областа околу трговскиот центар е блокирана.

Вооружен маж трчал низ трговскиот центар и пукал кон луѓето, наведува „Билд“, по што тој, наводно, побегнал кон подземната железница.

Хеликоптери го надлетуваат трговскиот центар, а на работниците им е забрането да ги напуштат продавниците.