Свет Балкан Двајца загинати во престрелка во Истанбул

Двајца загинати во престрелка во Истанбул

Две лица загинаа, а пет се повредени при престрелка во добротворна организација во Истанбул.

Како што јавуваат турските медиуми, непознати лица упаднале во објектот и отвориле оган. Вработените возвратиле, при што во престрелката се повредени седум лица.

Полицијата приведе 24 лица поврзани со инцидентот, кој избил поради нетрпение меѓу членови на добротворната организација и напаѓачите.