Македонија Двајца новозаболени од туларемија во скопско Грушино

Двајца новозаболени од туларемија во скопско Грушино

Институтот за јавно здравје лабараториски потврдил два нови случаи на туларемија во скопско Грушино, со што бројката на заболени во скопскиот регион се искачи на 14.

– Се работи за возрасни лица на 68 и 74-годишна возраст. Едното лице е хоспитализирано, другото се лекува во домашни услови. Независни се еден од друг, не се поврзани. Ова се највозрасни пацинети досега – изјави епидемиологот Билјана Даниловска.

Пред 10 дена скопскиот Центар за јавно здравје прогласи епидемија во општина Арачиново. Минатиот месец здравствените власти прогласија епидемија и во Лозово, а заболени со туларемија имаше и во кумановскиот регион. Вкупната бројка на заразени е 33 лица.