Економија Девизните резерви во ноември се намалени за 177,6 милиони евра во однос...

Девизните резерви во ноември се намалени за 177,6 милиони евра во однос на октомври

Нивото на државни девизни резерви во ноември изнесува 2.551,4 милијарди евра и се намалени за 177,6 милиони евра во однос на октомври, кога изнесувале 2.729 милијарди евра, покажуваат најновите податоци на Народна банка.

Вредноста на девизните резерви во ноември првпат падна по четиримесечен континуиран пораст.

Во ноември е забележан и пад кај вредноста на монетарното злато за 9,7 милиони евра, кое достигна вредност од 248,3 милиони евра.