Македонија Денеска се слави Рамазан-бајрам

Денеска се слави Рамазан-бајрам

Верниците од исламска веросиповед денеска го слават празникот Рамазан-бајрам, кој се смета за еден од петте столбови на исламот и за празник за духовно и за телесно прочистување.

По утринската молитва, верниците ги посетуваат гробиштата на своите роднини.

Рамазан-бајрам се слави три дена, а доаѓа по едномесечниот строг пост. Рамазан е месец на добрината, љубовта и на милоста.

Празникот Рамазан-бајрам е неработен за сите граѓани во Македонија.