Македонија Денеска продолжение на седницата за уставните амандмани

Денеска продолжение на седницата за уставните амандмани

Седницата за утврдување на уставните предлог-амандмани ќе продолжи денеска. Пратениците вчера го утврдија предлог-амандманот кој се однесува за бракот, амандманот за меѓународните финансиски зони, како и предлог-амандманот со кој се менува називот на Народната банка на Република Македонија во Банка на Република Македонија.

Беше утврден и амандманот со кој Државниот завод за ревизија станува уставна категорија. Собранието ја заврши и расправата за амандманот на Уставот, со кој се одредува дефицитот на буџетот на Македонија да не може да го надмине прагот од три проценти, а јавниот долг да не може да биде поголем од 60 проценти од домашниот бруто-производ.