Македонија Денеска две собраниски седници

Денеска две собраниски седници

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања и за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На дневен ред на Комисијата за економски прашања се предлог-законите за изменување и за дополнување на Законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, на Законот за трговија и на Законот за заштита на потрошувачите, сите во прво читање.

Членовите пак на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправаат по предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за Државниот инспекторат за земјделство, во второ читање, и по предлог-законот за дополнување на Законот за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост, во прво читање.