Хроника Дебранин осомничен за узурпација на државно земјиште

Дебранин осомничен за узурпација на државно земјиште

Дебарската полиција подела кривична против Б.П. (61), осомничен дека узирпирал државно земјиште и на него незаконси изградил деловен објект, информираат од МВР.

Како што информираат од полицијата, осомничениот делото го сторил во периодот од 2007 до 2011 година, кога на улицата 8 Септември узурпирал земјиште од 24 квадрантни метри, сопстевност на Република Македонија, за да изгради деловен објект.

Откако го изградил, според полицијата, осомничениот го припоил објектот на друг објект, негова сопственост.

Против него полицијата поднела пријава за кривично дело узурпација на недвижности.