Македонија ЦУК: Не е работа на пожарникарите да ги отстрануваат змиите, услугата се...

ЦУК: Не е работа на пожарникарите да ги отстрануваат змиите, услугата се наплатува

За жал, не постои специјализирана служба, а тоа не е работа на пожарникарите, велат од ЦУК и посочуваат дека имаат контакти од лица кои отстрануваат змии, но дека услугата се наплаќа, велат од Центарот за управување со кризи

Фото: Photo by Francesco Mocellin on Unsplash

Од Центарот за управување со кризи велат дека во последно време често добиваат повици од населени места со барање за отстранување на змии.

„За жал, не постои специјализирана служба, а тоа не е работа на пожарникарите“, велат од ЦУК и посочуваат дека имаат контакти од лица кои отстрануваат змии, но услугата се наплаќа.

„Нема специјализирана служба за заловување на змии. Претходно граѓаните се лутеа кога дежурните на бројот 112 немаа никакви информации за тоа кој отстранува змии, а сега, кога дежурните најдоа контакти од лица кои се бават со тоа, повторно се лутат затоа што таквата услува не е бесплатна“, велат од ЦУК и додаваат дека не може пожарникарите да се повикуваат за секаква работа, особено не за ваква специфична и тоа во сезона на пожари“, велат од ЦУК.

Оттаму додаваат дека почестата појава на змии во населени места индицира дека локалните самоуправи, а секако и на повисоко ниво, специјализираните институции од ветеринарната област, во рамки на нивните можности, е пожелно да се обидат во соработка со професионалци од ветеринарната област да им помогнат на граѓаните.