Uncategorized Челси нуди 27 милиони евра за Квадрадо

Челси нуди 27 милиони евра за Квадрадо

Менаџерот на Челси, Жозе Мурињо, ѝ понудил на Фиорентина 27 милиони евра за трансфер на Хуан Квадрадо, пренесува „Газета дели спорт“.

Мурињо претходно сака да се ослободи од Мохамед Салах, поради правилата на финансиски фер-плеј, а играчот веќе договорил услови за да премине во Рим, наведува угледниот италијански весник.

Квадрадо честопати изјавуваше дека е подготвен да премине во поголем клуб, посебно нагласувајќи дека сака да заигра во Премиер-лигата.

Откупната клаузула во договорот на Колумбиецот е 35 милиони евра, но клубот од Фиренца би бил задоволен и со помала сума.

Квадрадо го привлече вниманието на најголемите европски клубови за време на Светското првенство во Бразил, кога со селекцијата на Колумбија стигна до четвртинафиналето. Тој сезонава во Серија А одигра 21 натпревар и постигна пет гола.