Македонија Чавков денеска ги посети специјалните единици, утре Иванов на гости во МВР

Чавков денеска ги посети специјалните единици, утре Иванов на гости во МВР

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Љупчо Андоновски, денеска ги посетиле специјалните единици на МВР, односно Единицата за специјални задачи (ЕСЗ) и Единицата за брзо распоредување (ЕБР), соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

„За време на посетата, беа реализирани активности согласно програмата за работа и за обука на единиците, а воедно беа опфатени и тематски содржини од делокругот на специјалните обуки и материјално-техничките средства неопходни за успешна реализација на активностите и на планот за работа на единиците“, стои во соопштението.

За утре, во 13.30 часот, е предвидена посета на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, на МВР, каде што ќе има средба со министерот Митко Чавков и со директорите на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) и на УБК, Горанче Савовски и Љупчо Андоновски.