Македонија Царината заплени 47 папагали на ГП Табановце

Царината заплени 47 папагали на ГП Табановце

Српски државјанин сакал да ги внесе во државава без да ги пријави

Фото: Царинска управа

Царинската управа запленила 47 папагали откако српски државјанин сакал да ги внесе во државава без да ги пријави.

„Царинските службеници на влез на граничен премин Табановце го прашале дали има нешто да пријави, по што откако одговорил дека нема ништо за пријавување поради сомневање извршиле детален преглед на возилото при што во багажникот пронајдоа кафези со папагали“, соопштува Царинската управа.

Против лицето е поднесена соодветна пријава, а надлежноста за запленетата стока, во случајов живи птици, е предадена на Агенцијата за управување со одземен имот, каде што се соодветно згрижени.