Забава Боно Вокс стравува дека повеќе нема да може да свири гитара

Боно Вокс стравува дека повеќе нема да може да свири гитара

По несреќата со велосипедот минатиот ноември, водачот на „Ју ту“, Боно Вокс, стравува дека можеби никогаш повторно нема да може свири гитара .

Боно ја скрши раката на шест места и ја пукна очната коска, како и клучната коска, во она што, според него, била бизарна несреќа во Њујорк. Во писмо до своите обожаватели, тој напиша дека не може да се движи и дека ќе мора многу да се концентрира за да биде во форма за следната турнеја на „Ју ту“.