Главна секција Билт: Почитта кон демократијата и кон Уставот ќе ја однесат Македонија напред

Билт: Почитта кон демократијата и кон Уставот ќе ја однесат Македонија напред

„Демократија. Устав. Европа. Почитта кон овие три работи ќе ја однесат Македонија напред. Тоа беше мојот одговор на прашањата од новинарите во Скопје“, напиша на својот твитер-профил Карл Билт, поранешниот шеф на шведската дипломатија по средбата со врвот на СДСМ.

Копретседавачот на Европскиот совет за односи со странство рече дека е во Скопје на набљудувачка мисија од паневропската организација, за да собере информации кои потоа ќе ги пренесе на европските лидери.

Билт ќе има средби со преставниците на сите поголеми политички партии, но не и со претседателот Иванов.