Економија Банките давале повеќе кредити за фирмите, а помалку за граѓаните

Банките давале повеќе кредити за фирмите, а помалку за граѓаните

Првичните податоци за декември покажуваат силно месечно зголемување на вкупните кредити на приватниот сектор, при што кредитната поддршка во голем дел била насочена кон корпоративниот сектор, а во помал дел и кон секторот население, пишува во најновиот извештај на Народна банка.

– Со тоа, кредитите на приватниот сектор го продолжија порастот со солидна годишна стапка, која е повисока од очекуваната со октомвриските проекции. Се очекува кредитната поддршка на корпоративниот сектор, која беше присутна во декември, да продолжи и во наредниот период, делумно поддржана и од последните мерки што ги презеде НБРМ, а кои се целни и со макропрудентен карактер – се вели во извештајот на Народна банка.

Минатиот месец беа донесени неколку мерки, кои би требало да придонесат за ограничување на ризиците од високиот пораст на долгорочните потрошувачки кредити врз финансиската и макроекономската стабилност, од една страна, и олеснување на пристапот до финансирање за корпоративниот сектор и поефикасно управување со кредитниот ризик од страна на банките, од друга.