Култура Балетска претстава „Дамата со камелии“ од Џузепе Верди на 21 февруари

Балетска претстава „Дамата со камелии“ од Џузепе Верди на 21 февруари

Диригент е Иван Еминовиќ, а кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев

Фото: НОБ

На 21 февруари со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетската претстава „Дамата со камелии“ работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“.

Диригент е Иван Еминовиќ, кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург, а сценографијата и костимографијата се на Павол Јураш од Словачка, концерт-мајстор е Климент Тодороски.

Во главните улоги ќе настапат Марија Кичевска Шокаровска и Франциско Хименес Руиз (Шпанија). Настапуваат солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.