Македонија Бадник е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Бадник е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 6 јануари 2019 година (недела), Бадник, ден пред Божик, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита Бадник на граѓаните од православната вероисповед во Македонија.