Македонија Aвтобусите за Рамазан Бајрам ќе сообраќаат по неделен возен ред

Aвтобусите за Рамазан Бајрам ќе сообраќаат по неделен возен ред

Жичницата на Водно ќе функционира вообичаено, од 10 до 18 часот, при што од 17 до 17:30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17:45 часот е последно возење од врвот надолу

Фото: Мета.мк

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) информира дека на верскиот празник Рамазан Бајрам, автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред.

„Дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров“, наведено е во соопштението.

Оттаму додаваат дека жичницата ќе функционира вообичаено, од 10 до 18 часот, при што од 17 до 17:30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17:45 часот е последно возење од врвот надолу.