Македонија Автобусите во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата ќе работи вообичаено

Автобусите во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата ќе работи вообичаено

Ќе има две дежурни билетарници, кои ќе работат од 8 до 14 часот: таа на Транспортен Центар (на излез) и билетарницата во Ѓорче Петров

Фото: Мета.мк

Во текот на утрешниот ден, кога во земјава се одбележува државниот празник 11 Октомври – Ден на народното востание, автобусите од јавниот превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Ќе има две дежурни билетарници, кои ќе работат од 8 до 14 часот: таа на Транспортен Центар (на излез) и билетарницата во Ѓорче Петров.

Жичаицата ќе работи вообичаено од 10 до 18 часот, притоа 17-17.30 часот ќе биде последно возење од долу нагоре, односно 17.45 часот последно возење од горе надолу.