Uncategorized Авион на „Ер Франс“ принудно слета во Русија

Авион на „Ер Франс“ принудно слета во Русија

Авион од типот „боинг 777“ на француската компанија „Ер Франс“, кој летал од Токио за Париз, поради дефект на моторот, принудно следат во Кабаровск, руски град на Далечниот Исток.

Портпаролката на аеродромот во Кабаровск, Наталија Цветкова, соопшти дека при слетувањето никој не е повреден.

– Авионот на „Ер Франс“, на летот број 275, кој летал од Токио за Париз, безбедно слетал на аеродромот во Кабаровск во 2.30 часот по локално време. Во авионот имало 275 патници и членови на екипаж – рече Цветкова.

Таа додаде дека експертите вршат технички преглед на леталото, кај кое еден од моторите, според првичните резултати, престанал да работи.