Хроника Авганистанец повреден на пруга, починал на пат кон Ургентен центар

Авганистанец повреден на пруга, починал на пат кон Ургентен центар

Шеснаесетгодишно момче од Авганистан на железничката пруга Демир Капија – Неготино добил повреди по целото тело, по што починало.

„Синоќа, околу 22 часот, во полицкската станица Неготино, од екипа на Итната медицинска помош било пријавено дека истиот ден, околу 19 часот, на железничката пруга Демир Капија – Неготино, покрај шините имало лице со повреди по целото тело. Лицето било пренесено во болница во Кавадарци, од каде поради сериозноста на повредите, со возило на Итната медицинска помош, е префрлено во Ургентниот центар во Скопје, но по пат починало. Се работи за 16-годишно лице, државјанин на Авганистан“, информираат од МВР.