Македонија Аргентинскиот премиер Милеи со извршна наредба ги скрати работничките права, опфатени се...

Аргентинскиот премиер Милеи со извршна наредба ги скрати работничките права, опфатени се отпремнините и породилното отсуство

Конгресот може да ја поништи наредбата, но ќе може да го стори тоа тек од март

Фото: BoffeCristo, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Контроверзниот новоизбран аргентински премиер Хавиер Милеи вчера потпиша извршна наредба со која тој се надеваи радикално да ја преобрази аргентинската економија, известува „Буенос Аирес Хералд“.

Наредбата вклучува скратување на голем број закони кои ги штитат работниците, како тие за надоместок по прекинување на работен однос како и тие за породилно отсуство.

Дополнително, наредбата прогласи економска и административна „кризна состојба“ и бара значајно намалување на голем број регулации во аргентинскиот законик.

Наредбата е од посебен вид во аргентинскиот систем на уредување – таа е наредба со значајна „потреба и итност“ за применување. Наредбите од ваков тип може да се поништени од конгресот, но исто така и може станат дел од законикот ако мнозинството во конгресот гласа за нив. Во секој случај, тие важат сè додека конгресот не ги поништи (или изгласа).

Но, поради тоа што Милеи и неговата влада имаат побарано исклучителни конгресни седници, нема да има простор да се изгласа за или против наредбата сè до март 2024 година. Односно, наредбата ќе важи најмалку 2 месеци.