Македонија Апелацискиот суд од Скопје доби осум нови судии

Апелацискиот суд од Скопје доби осум нови судии

На огласот за осум позиции во Апелациониот суд во Скопје биле пријавени вкупно 45 кандидати

Фото: Порталб

Судскиот совет на денешната седница избра осум судии во Апелацискиот суд во Скопје. За судии од кривичната област се избрани Габриела Гајдова, Александра Ристевска, Весна Димишкова и Осман Шабани.

Скопска Апелација денеска доби и четворица судии од граѓанската област, и тоа: Александар Шопов, Ирена Костадинова Ангелова, Наталија Донева и Илир Сулејмани.

Како што информираа од Судскиот совет, на огласот за осум позиции во Апелацискиот суд во Скопје биле пријавени вкупно 45 кандидати, од кои 21 кандидат за четири судии за граѓанска област и 24 кандидати за четири судии од кривична област.