Главна секција Амбасадата на САД повикува на највисоки стандарди во случајот „Пуч“

Амбасадата на САД повикува на највисоки стандарди во случајот „Пуч“

Амбасадата на САД со загриженост го следи кривичниот случај против лидерот на опозицијата, Зоран Заев, и апсењето на три други лица за наводен обид за загрозување на уставниот поредок, се вели во соопштението од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија.

„Ги повикуваме властите да ги задоволат највисоките стандарди на правната држава, транспарентноста, принципиелноста, заштитата на слободата на говорот, како и судската независност во текот на процесот, за да се осигури интегритетот на демократските процеси во Македонија“, стои во соопштението.