Забава Алиша Кис се породи со втор син

Алиша Кис се породи со втор син

Пејачката Алиша Кис во саботата наутро се породи со синот Џенесис Али Дин. За неа и за раперот Свиз Битс ова е второ дете. Тие го имаат четригодишниот Еџип.

Пејачката ја соопштила оваа вест на нејзиниот инстаграм-профил, со слика од отпечатоците од стапалата на бебето и напишала дека таа и нејзиниот сопруг се многу благодарни.

Таа рекла дека нејзиниот постар син е возбуден и постојано го бакнува својот помал брат.