Македонија Ахмети во Амбсадата на САД: Главна тема на разговорите, изборот на специјален...

Ахмети во Амбсадата на САД: Главна тема на разговорите, изборот на специјален обвинител

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, точно во закажаното време влегол во американската амбасада на разговор со амбасадорот на САД, Џес Бејли, и со амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав, јавува телевизијата „Телма“. 

Разговорите, наспроти очекувањата, се одолжиле на повеќе од час и половина, а по излегувањето од амбасадата, Ахмети не дал изјава.

Од неговата партија за „Телма“ информираат дека главна тема на разговорите биле деталите околу изборот на специјален обвинител, кој треба да ги решава случаите „Прислушување“ и „Пуч“.

Со амбасадорите Бејли и Орав, Ахмети разговарал и за прашањата поврзани со изборите, поконкретно за идниот состав на Државната изборна комисија, како и за прочистувањето на избирачките списоци.

Ахмети ја нагласил важноста од спроведувањето на договорот од 2 јуни и истакнал дека мора да се почитуваат сите точки содржани во договорот и да не бидат опструирани од партиите.

Вчера во американската амбасада за истите теми разговараше лидерот на ДПА, Мендух Тачи, кој потоа, во изјава за новинарите, ја посочи ДУИ како главен кочничар на дел од процесите по Договорот од Пржино.

Тачи, исто така, нагласи дека „не е точно тврдењето на Ахмети дека нема време за спроведување попис“, нагласувајќи дека за таа статистичка операција е потребна само политичка волја.