Македонија Ахмети: Овој Божиќ го одбележуваме во многу важна година за нашата земја

Ахмети: Овој Божиќ го одбележуваме во многу важна година за нашата земја

Овој Божиќ го одбележуваме во многу важна година за нашата земја, еден момент кој ги отвара сите можности за евроатланската интеграција на земјата, вели во честитката до православните верници, лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„Заедно да ги надминеме сите вештачки препреки и во духот на довербата, разбирањето и соработката заедно да чекориме кон патот на напредокот и благосостојбата.Сите да ги соединиме напорите и посветеноста за исполнување на очекувањата, што ќе не направи едно пристојно општество, за да станеме дел од големото европско семејство“, се додава во честитката.