Македонија Ахмети им го честита Велигден на православните христијани

Ахмети им го честита Велигден на православните христијани

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, упати честитка по повод Велигден до православните верници.

„Имам чест и задоволство, во име на сите нас од Демократската унија за интеграција и во мое лично име, искрено да ви честитам по повод големиот празник Велигден, со најискрени желби за благосостојба и за добро здравје. Задоволството е двојно кога ќе се сетам дека оваа честитка им ја посветувам и на дел од албанскиот верски мозаик, православните Албанци во Македонија и пошироко, оној мозаик кој со векови му служи на светот како пример на големите вредности на верскиот и духовен соживот на Албанците. Духот на Велигден е воскресението на животот и надежта. Годинава, сите ние се соочуваме со тешкотии, надминување кое зависи, меѓу другото, од разбирањето меѓу нас и од желбата да се има подобра иднина. Граѓаните заслужуваат надеж за подобар живот“, стои во честитката.