Македонија Агелер: Kорупцијата е огромен предизвик со кој С. Македонија мора да се...

Агелер: Kорупцијата е огромен предизвик со кој С. Македонија мора да се справи

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава Ангела Агелер денеска се сретна со министерот за правда Игор Филков на разговори за владеење на правото и борба против корупцијата

Фото: Министерство за правда

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава Ангела Агелер денеска се сретна со министерот за правда Игор Филков на разговори за владеење на правото и борба против корупцијата.

„Амбасадорката истакна дека корупцијата е огромен предизвик со кој Северна Македонија мора да се справи и ја изрази посветеноста на Амбасадата да ја одржи нашата цврста поддршка за правдата за граѓаните на оваа земја“, соопштија од американската амбасада во земјава на социјалните мрежи.

Од Министерството за правда соопштија дека aмбасадорката Агелер му посакала успешна работа на Филков и дека очекува реализација на реформската законодавна агенда.

„Министерот за правда Игор Филков порача дека промени мора да се испорачаат брзо затоа што граѓаните бараат резултати. САД се наш најголем стратешки партнер и силен сојузник за напредокот на нашата држава до полноправно членство во Европската унија. На средбата беше потврдена заложбата и посветеноста за натамошно развивање на билатералните односи меѓу двете земји како и продолжување на досегашната соработка“, соопшти Министерството за правда.