Македонија 30 дена притвор за осуммина осомничени во акцијата „Којот“

30 дена притвор за осуммина осомничени во акцијата „Којот“

Кривичниот суд им одредил 30 дена притвор на осуммина осомничени во акцијата „Којот“, додека на едно лице му се одредени мерки на претпазливост, односно повремено да се јавува пред надлежен орган, соопшти Јавното обвинителство.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, кое ја води акцијата, отвори истражна постапка против 16 лица, осомничени во случајот, а за деветмина од нив побара да им биде одреден притвор.

Осомничените, кои дејствувале како организирана група, се товарат за трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење мигранти, неовластено производство и трговија со дрога и недозволено држење оружје.