fbpx

Во акцијата „Којот“ осомничени и полицајци од СВР Велес

-

Во акцијата „Којот“, што утрово ја спроведоа Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал на МВР, била разбиена криминална група, од која дел биле полицајци вработени во СВР Велес. Членови на групата се товарат за злосторничко здружување, разбојништва, трговија со дрога и за криумчарење мигранти.

Според МВР, во акцијата се осомничени вкупно 24 лица, од кои 14 се уапсени денеска, пет во претходните некoлку дена, додека по три лица сè уште се трага. Едно од нив е надвор од земјава, а еден осомничен е на издржување затвoрска казна.

Како организатори на криминалната група се осомничени тројца велешани, од кои еден бил вработен во Секторот за внатрешни работи Велес.

„Групата почнала да дејствува на почетокот на 2015 година на национално и на меѓународно ниво. Вршеле кривични дела од областа на насилниот криминал, недозволена трговија со дрога, криумчарење мигранти и коруптивни кривични дела. Во вршење на криминалните активности, учествувале и полициски службеници од СВР Велес. Полициските службеници дејствата при вршење на кривичните дела ги извршувале и за време на работа и во врска со својата службена положба, притоа истата ја злоупотребувале за на криминалната група да ѝ овозможат информации и друга помош и логистика за успешно извршување на кривичните дела, меѓу што и обезбедување на полициска униформа за вршење на кривичните дела, а во неколку случаи и активно учествувале во извршувањето на делата“, велат од МВР.

Полицијата извршила претреси на 24 локации во Велес, Неготино, Гевгелија и во Скопје, во кои биле пронајдени автоматски пушки, рачна бомба, пиштол, дробилка за марихуана, муниција за огнено оружје, службена документација – доставници за судски акти за извршување и документација од исплата на пари.

Според МВР, во истрагата било утвредено дека групата организирала транспорт на најмалку 559 мигранти, во што учестувал и затвореник од гевгелискиот затвор, кој ги наоѓал мигрантите и ги правел првичните договори околу шверцот.

„Двајца од вкупно тројцата организатори на криминалната група биле организатори и на разбојништвото што се случи во Велес на 8 февруари годинава, кога од вработени во агенција за обезбедување беа одземени четири касети, сопственост на Стопанска банка, во кои имало 4 милиони денари. Исто така, утврдено е дека првопријавениот 35-годишен велешанец на територијата на Велес и на Штип подолго од една година организирал поголема мрежа на дилери на дрога“, информираат од МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...