Македонија 26 јуни, неработен ден за сите граѓани

26 јуни, неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека во согласност со Законот за празниците, понеделник (26 јуни) е неработен ден за сите граѓани, поради Рамазан-бајрам.

Првиот ден на Рамазан-бајрам е на 25 јуни, в недела, но неработниот ден се поместува в понеделник.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманска вероисповед им го честита Рамазан-бајрам.