Македонија 12.000 ученици се запишаа во средно образование

12.000 ученици се запишаа во средно образование

Од вкупно 17.948 пријавени, на првиот уписен рок се запишале 12.007 ученици. Најголемиот дел се во стручно образование, па во гимназиско и најмалку во спортското училиште.

Од вкупниот број ученици што се запишале во средните училишта, 8.893 ќе следат настава на македонски јазик, 2.839 ученици – настава на албански наставен јазик, 107 ученици ќе следат настава на турски наставен јазик, а запишани се и 168 ученици што ќе ја повторуваат годината.

Слободни места за второто пријавување во првиот уписен рок има за вкупно 23.017 ученици.