Дописници Заврши манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“

Заврши манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“

Во  охридското село  Велестово, викендов, по 27 пат  се одржа манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“, посветена на делото на македонскиот поет, прозаист и критичар Веле Смилески.

Во рамките на манифестацијата, беше отворена и ликовна изложба на  Литов Намдагјанчивин од Монголија.

Пригодни беседи за поезијата на Смилевски одржаа Раде Силјан и Санде Стојчевски, а стихови читаа членовите на НАТГ Аматер од Охрид.

Во рамки на годинешната манифестацијата во Велестово се одржа и промоција на зборникот песни „Меѓу две неба, песни за Велестово“ во кој се поместени педесетина песни посветени на Велестово од автори ширум светот. На промоцијата гостуваа поети од Црна Гора и Бугарија.