Македонија За празниците автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред

За празниците автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред

Фото: Мета.мк

На 6 и 7 јануари (Бадник и Божиќ) јавниот превоз во главниот град ќе сообраќа по неделен возен ред, а Жичарницата на Водно ќе работи од 10 до 17 часот, соопштија денеска од јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП).

„На 6, 7 и 8 јануари дежурни ќе бидат три билетарници, односно од 6.30 до 13.30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар, Зелено пазарче и билетарницата во Ѓорче Петров“, наведено е во соопштението на претпријатието.