Македонија Вторник, 8 септември, неработен ден за сите граѓани

Вторник, 8 септември, неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, во согласност со Законот за празниците на Република Македонија, 8 септември 2015 година (вторник), Денот на независноста, е неработен ден за граѓаните на Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Македонија им го честита Денот на независноста.