Македонија Врвот на ВМРО-ДПМНЕ заседава вечерва, врвот на СДСМ утре

Врвот на ВМРО-ДПМНЕ заседава вечерва, врвот на СДСМ утре

Додека централното претседателство на ДУИ со часови дебатираше во Мала Речица, во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ заседава извршниот комитет на партијата. Утре, пак, ќе седнат на маса и централниот и извршниот одбор на СДСМ.

Тема на седницата на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се најновите случувања околу актуелната состојба и понатамошните чекори кои ќе се преземат. Во меѓувреме, бил испратен и повик до општинските комитети на партијата да одржат седници, по што членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ се собираа во и надвор од штабовите.