Дописници Водич за хотелиерство во Македонија

Водич за хотелиерство во Македонија

Македонија, со помош на хрватскиот партнер во мрежата ЕУРЕМ, подготви Водич за хотелиерство, кој ќе можат да го користат како дополнителна стручна литература охридските и македонските хотелиери.

Моментално водичот е на хрватски јазик, а наскоро ќе биде достапен и на македонски јазик.

Водичите, кои во следниот период ЕУРЕМ MK јавно ќе ги објави, ќе овозможат преглед како може бргу и едноставно да се намали потошувачката на енергија во деловното работење во хотелската струка и како да се постигне енергетска ефикасност.

Од водичите охридските хотелиери ќе добиваат совет како и од каде да почнет со утврдување на можностите за заштеда на енергија во нивниот објект, односно организација и ќе добијат препораки за мерки за енергетска ефикасност.