Македонија Во Дебар се одржа заеднички ифтар за поглаварите на ИВЗ од Македонија,...

Во Дебар се одржа заеднички ифтар за поглаварите на ИВЗ од Македонија, Албанија и од Косово

Во организација на Дебарското муфтиство, во Дебар синоќа се приреди рамазански ифтар за првите луѓе на Исламските заедници на Македонија, Албанија и на Косово.
На ифтарот присуствуваа повеќе од 250 гости, меѓу кои и муфтиите на 13 муфтиства на ИВЗ во Македонија и неколку градоначалници од земјава.

Мукрам Мехмеди во поздравниот збор дебарскиот муфтија, Рамазан Хаса, нагласи дека оваа е првпат на еден заеднички ифтар да бидат првите луѓе на исламските заедници на Македонија, Косово и на Албанија.

Во своите поздравни зборови, претседателите на исламските верски заедница го нагласија големото значење на оваа прва средба од ваков карактер.
Тие оценија дека Дебар е голем бидејќи секогаш низ историјата давал голем придонес за исламот.