Македонија Внимателно по скопската обиколница, се излеа вода на коловозот

Внимателно по скопската обиколница, се излеа вода на коловозот

Внимателно управување со возилата и брзина на движење до 30 километри на час, на патниот правец А2 Хиподром – Сарај (Обиколница на Скопје), на седми километар кај Смиљковци, поради излевање вода на коловозот во двата правци, во должина од 10 до 15 метри, препорачуваат од Автомото-сојузот на Македонија.

Од АМСМ наведуваат дека поставена е соодветна сообраќајна сигнализација од страна на ЈП „Македонија пат“.