Свет Европа Управителот на објекти на „Словенечки железници“ мора да знае јога и пилатес

Управителот на објекти на „Словенечки железници“ мора да знае јога и пилатес

Јавниот конкурс, со кој „Словенечки железници“ бараат административен референт со основни познавања на компјутерски програми, но и положени курсеви по јога и по пилатес, предизвикале сомнеж кај десетина пријавени кандидати дека станува збор за наместен конкурс за точно одредена личност, пренесува ХРТ.

По бројните реакции, па дури и протести поради необичните услови на конкурсот, од фирмата објасниле дека станува збор за јавен повик за работното место управител на објекти и дека, всушност, бараат замена за службеничката која заминала на породилно отсуство.

Таа, меѓу другото, ги водела и вежбите по јога и по пилатес во нивниот центар за опуштање на вработените, а во кој фирмата вложила 400.000 евра.

Објаснувањето, како што пренесува ХРТ, предизвикало доста иронични коментари на социјалните мрежи и во медиумите, во кои се тврди дека во центарот се вработени и се рекреираат главно членови на управата на фирмата и нивни пријатели и роднини.