Економија „Триглав осигурување“ оствари 5,2 милиони евра премија од осигурување

„Триглав осигурување“ оствари 5,2 милиони евра премија од осигурување

 „Триглав осигурување“ Скопје во првите три месеци од 2015 година работеше успешно. Во периодот од јануари до март оваа година има остварено 5,2 милиони евра премија од осигурување, што е за 9 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година.
Друштвото за осигурување, исто така, успеа да ги намали бруто-трошоците за работење за 3 проценти во споредба со минатата година.
– Овие резултати произлегуваат од нашата посветеност да обезбедиме врвен квалитет во сите аспекти од работењето на друштвото, квалитетот на нашите производи, услугата што им ја обезбедуваме на нашите клиенти, ефективните процеси на решавање штети, финансиската стабилност на друштвото, а сето тоа како резултат на бизнис-стратегијата што ја следиме и спроведуваме – изјави Сања Танчевска, извршна директорка на „Триглав осигурување“ Скопје.
Во структурата на полисираната бруто-премија од осигурување и соосигурување на друштвата на групацијата „Триглав“3, премијата на„ Триглав осигурување“ Скопје има удел од 2,1 отсто.