Uncategorized Тотенхем го сака Љоренте

Тотенхем го сака Љоренте

Фудбалскиот тим Тотенхем сака летово во своите редови да го донесе играчот на Јувентус, Фернандо Љоренте, јавува шпанскиот весник „Aс“.

„Ас“ наведува дека Тотенхем е само еден од клубовите кои чекаат конечна одлука од Љоренте за тоа дали сака да ја напушти Серија А. Сепак, освен Тотенхем, „Ас“ не ги наведува другите клубови.

Се очекува шпанскиот фудбалер одлуката да ја донесе на крајот на сезоната.

Љоренте во Јувентус дојде во 2013 година од Атлетико билбоа, во кој на 333 натпревари даде 118 голови.