Култура СВП со проектот „Версополис“ во програмата „Креативна Европа“

СВП со проектот „Версополис“ во програмата „Креативна Европа“

Националната установа Струшки вечери на поезијата, утре во ЕУ Инфоцентарот во Скопје, преку проектот „Версополис“, ќе се претстави во програмата „Креативна Европа“ на ЕУ. Во просториите на ЕУ Инфоцентарот ќе се одржи Инфоден за „Креативна Европа – Програма на Европската Унија“ – категорија „Платформи“.

Проектот „Версополис“ ќе биде прва европска поетска платформа, а беше поддржан од Извршната агенција за образование, аудиовизуелна дејност и култура при Европската комисија во рамките на минатогодишниот повик за аплицирање.

Инфоденот има цел да ја претстави потпрограмата „Култура“ на „Креативна Европа“ и можностите што ги нуди таа за македонските културни оператори, како нејзини потенцијални корисници. За време на настанот ќе бидат претставени условите и критериумите за аплицирање за категоријата „Платформи“, за која е во тек повикот за аплицирање.