Економија Странските директни инвестиции во првите два месеци изнесуваат 34,2 милиони евра

Странските директни инвестиции во првите два месеци изнесуваат 34,2 милиони евра

Странските директни инвестиции во првите два месеци од годинава изнесувале 34,2 милиони евра, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

Во јануари биле регистрирани инвестиции во вредност од 1,59 милион евра, а во февруари се регистрирани инвестиции вредни 32,65 милиони евра.

Во првите два месеци од годинава имаме најниско ниво на странските инвестиции во споредба со истиот период во последните пет години.