Македонија Стојанче Ангелов и вечерва протестираше пред МРТВ

Стојанче Ангелов и вечерва протестираше пред МРТВ

Стојанче Ангелов и неговите приврзаници вечерва повторно се собраа пред Македонската радио-телевизија, јави телевизија „24 Вести“.

Тој уште еднаш побара јавниот сервис да ги објави снимките што ги презентира опозицијата и порача дека нема да поднесе кривична пријава за уредникот на информативната програма на МТВ, Горан Петрески, бидејќи, како што рече, му паднало жал зашто бил уплашен.

Ангелов најави дека протестот освен пред МРТВ ќе продолжи да се одвива и пред Јавното обвинителство, поради нивните препораки да не се објавуваат снимките.