Македонија Средба на Иванов со Пахор

Средба на Иванов со Пахор

Неформална средба со претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, денеска во Доха, Катар, имаше претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

На средбата, како што соопштија од кабинетот на Иванов, двајцата претседатели разговарале за продолжување на регионалната соработка и за активностите во рамките на процесот Брдо-Бриони, состојбите во регионот, европските и евроатланските интеграции на регионот и за улогата на Словенија во процесот.