Maqedoni Тетово одреди место за фрлање шут и кабаст отпад

Тетово одреди место за фрлање шут и кабаст отпад

Стар мебел, стари санитарии, шут и друг кабаст отпад граѓаните на Тетово отсега ќе може да фрлаат на посебно одреденото место крај патот Тетово-Требош, известува Порталб.мк.

Преку соопштение за јавноста, ЈКП Тетово, ги повика граѓаните да не го фрлаат отпадот насекаде, бидејќи покрај загадувањето на животната средина отпадот ги оштетува и машините и со тоа се оневозможува чистењето на другите отпадоци.

„Јавното комунално претпријатие” ТЕТОВО” од Тетово ги повикува граѓаните да бидат повнимателни и да не фрлаат цврст отпад (мебел за домаќинства, стари санитарии, градежни материјали и шут, гранки од дрвја и слично) на места каде што нивното фрлање е забрането затоа што, покрај загадувањето на животната средина, предизвикуваат и дефекти во машините, ги оштетуваат контејнерите и го оневозможуваат пренесувањето на другите отпадоци”, велат од ЈКП Тетово.

Порталб.мк неколку пати го покренуваше прашањето за фрлањето цврст отпад и шут на несоодветни места, односно на јавни површини или во контејнерите. Општина Тетово немаше депонии за цврсти материјали, и затоа градежните отпадоци се фрлаа со трактори и камиони на јавни места.

Секој граѓанин кој има приговор за нечистотијата во Тетово може да се јави на телефонскиот број 044 331 167.