Македонија Сообраќајот кај Стража се одвива отежнато поради сообраќајна несреќа

Сообраќајот кај Стража се одвива отежнато поради сообраќајна несреќа

Сообраќајот кај местото Тајмишка раскрсница, во близина на Стража, се одвива отежнато поради сообраќајна несреќа.

Како што соопштија од АМСМ, од 13 часот во овој дел сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање на возила.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а на граничните премини има зголемена фреквенција на возила, но нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.